27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот наскоро повреден од златото

Биткоинот наскоро повреден од златото

bitkoin111

Виртуелната валута биткоин достигна, за прв пат од своето појавување, вредност од 1.000 долари.

Биткоинот од почетокот на годината забележа раст од 4.000 проценти, но не е јасно колку овој раст ќе трае и дали ќе биде одржлив. Многумина предвидуваат дека и овој „балон“ еден ден ќе пукне.

На почетокот на годината една унца злато вредеше околу 1.687,90 долари, а еден биткоин 13.30 долари.

Меѓутоа, поради успешната година на оваа виртуелна валута, односно поради брзиот раст на вредноста на биткоинот неодамна беа загрижени и економистите и Сенатот на САД. Аналитичарите предупредуваат дека воведувањето на биткоинот во реалниот сектор на економијата би било многу опасно.

Биткоин е виртуелна валута, која нема реално покритие. Овој термин се појави во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП