29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE нема да го гради ветропаркот во Велика Британија

RWE нема да го гради ветропаркот во Велика Британија

vetropark1

Германскиот концерн „RWE“ се откажа од развојот на проектот за изградба на ветропарк вреден четири милијарди фунти (6,5 милијарди долари) во Велика Британија.

Причината за повлекувањето е тоа што техничката комплексност, проектот го прави економски непривлечен, соопшти „RWE“, пренесува агенцијата АП.

Развојот на проектот наметнува големи технички потешкотии, поради потребата за обавување на работата во длабоките води и во неповолните услови на морското дно, се вели во соопштението.

Се очекуваше дека ветропаркот ќе биде сочинет од 240 турбини кои би обезбедувале електрична енергија за 900.000 домаќинства. Во првичниот план размерите на проектот беа многу поголеми, но по консултацијата со техничките експерти тој е намален.

Компанијата соопшти дека има намера да продолжи со развојот на други, технички помали проекти во областа на енергијата од ветерот на брегот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП