
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска на јавна дебата ќе ги презентира резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа и резултатите од квалитативната анализа на антикорупциските мерки во секторот локална самоуправа од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015.

