Бизнис секторот се здружи и има план заеднички да делува се со цел остварување на подобри резултати во иднина. Трите најголеми бизнис организации на државата: Стопанската комора, Сојузот на стопански комори и Комората на Северозападна Македонија остварија заедничка средба на која првите луѓе на овие здруженија претседателот на СКСМ Азески, претседателот на ССКСМ Ѓорѓиевски и в.д. претседателот на СКСЗМ Алиу постигнаа заеднички консензус околу бизнисот. Заложбите се дека економијата мора да оди напред и соработката со владата мора да се подобри.
Со таквото заедничко дејствување се очекува да биде подобрена позицијата на бизнисот пред отварањето на крупните прашања врзани за владеење на правото, пазарната ориентација, инфраструктурата, инвестициите и извозот. Исто така претседателите на трите најзначајни бизнис-организации во државата, јавно ќе повикаат на единство на сите чинители на економските политики, да ја поддржат Владата во насока на отворање на нов инвестиционен циклус и затварање на отворените прашања кои го кочат бизнисот.

