А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат. Дополнителните гигабајти може да се разменат за буџет за нов уред, роаминг пакети или за премиум стриминг услуги, во согласност со индивидуалните потреби на секој корисник. Замената се врши директно преку мобилната апликација „Мојот А1“ и важи 30 дена од моментот на активација.
„Овој празничен подарок е уште една потврда за нашата максимална посветеност кон корисниците и за стратегијата што доследно ја градиме во континуитет. Во А1, нашата примарна цел е секој корисник да го добие токму она што му е најпотребно во вистинскиот момент, на најсигурен и најквалитетен можен начин. Зад ваквите решенија стои нашата долгорочна инвестиција во стабилна и сигурна мрежа, модернизација на инфраструктурата, како и континуираниот развој на услуги што го поедноставуваат секојдневието и создаваат вистински дигитални придобивки. Во овој празничен период, но и во текот на целата година, нашата мисија останува иста, да создаваме технологии и услуги што инспирираат, поврзуваат и им додаваат вистинска вредност на нашите корисници“ – изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

