ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот тројно преклоплив телефон на „Samsung“ е вистински ѕвер (ВИДЕО)

Првиот тројно преклоплив телефон на „Samsung“ е вистински ѕвер (ВИДЕО)

„Galaxy Z TriFold“ претставува вистински пример за тоа што „Samsung“ умеe да понуди во сегментот на уреди со свитлив екран, а притоа доаѓа и со најголемиот екран што досега го имал некој „Galaxy“ склоплив телефон. Освен тоа, пристигнува и со низа дополнителни иновации и премиум спецификации.

Главниот фокус на „Samsung“ кај моделот „Z TriFold“ е развојот на двојните титаниумски шарки. Овој механизам овозможува екранот да биде целосно заштитен кога уредот е преклопен. За разлика од „Huawei Mate XT“ и „Mate XTs“, надворешниот (cover) екран кај „Z TriFold“ се наоѓа на задната страна, додека двете страници од главниот свитлив екран се преклопуваат кон центарот.

Свитливиот екран има дијагонала од дури 10 инчи кога е целосно расклопен, со резолуција од 2160 x 1584 пиксели, прилагодливо освежување од 1 до 120 Hz и максимална осветленост од 1600 нити. Во десниот дел има мал „punch-hole“ отвор со вградена 10 MP селфи-камера.

Надворешниот екран, со големина од 6,5 инчи, нуди резолуција од 2520 x 1080 пиксели, исто така со адаптивно освежување од 1 до 120 Hz и сооднос на страници 21:9. Осветленоста достигнува до 2600 нити, заштитен е со „Corning Gorilla Glass Ceramic 2“ и располага со уште една 10 MP селфи-камера.

Во поглед на софтверот, „Galaxy Z TriFold“ работи со „OneUI 8“ базиран на „Android 16“, нудејќи широк спектар на мултитаскинг можности. Може да се стартуваат три апликации во целосна големина во портрет-мод, една до друга. Овој модел е и првиот „Samsung“ телефон што користи самостоен „Samsung DeX“, кој овозможува интерфејс налик на десктоп, достапен преку „Quick Settings“ панелот. Во комбинација со глушец и тастатура, „TriFold“ лесно се претвора во пренослива работна станица.

Една од најимпресивните карактеристики е неговиот складен и изненадувачки тенок дизајн. „Galaxy Z TriFold“ е дебел само 3,9 милиметри на најтенкиот дел, благодарение на „Advanced Armor Aluminum“ рамката. Тежи 309 грама, а кога е преклопен, димензиите изнесуваат 159,2 x 75 x 12,9 mm. Како и другите „Samsung“ склопливи модели, има IP48 сертификат за заштита од прашина и вода.

Во внатрешноста, уредот го напојува процесорот „Qualcomm Snapdragon 8 Elite for Galaxy“, во комбинација со 16 GB RAM и избор помеѓу 512 GB или 1 TB простор за податоци.

На задната страна се наоѓа систем од три камери: 200 MP главен ISOCELL HP2 сензор, 10 MP телефото модул со 3x зумирање и 12 MP ултраширока камера.

Батеријата има капацитет од 5600 mAh, составена од три одделни ќелии сместени во трите задни панели. Поддржува 45W жично полнење и 15W безжично полнење. „Galaxy Z TriFold“ ќе се продава во само еден финиш — „Crafted Black“.

„Samsung потврди“ дека купувачите во Јужна Кореја ќе бидат први што ќе го добијат уредот, а продажбата почнува на 12-ти декември. Цената за моделот со 16 GB RAM и 512 GB меморија ќе изнесува околу 2.500 долари, а достапноста ќе се проширува и на други пазари подоцна.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП