Американскиот ланец на ресторани за брза храна, „Burger King“, има во план да отвори 350 до 400 ресторани во Франција и да го зголеми пазарниот удел на 20 проценти. Ваквата информација беше соопштена од компанијата.

Откако во 1997-та година ја напушти Франција, затворајќи ги 39-те ресторани, поради нерентабилност, „Burger King“ на овој пазар се врати во 2012-та отворајќи го првиот ресторан на аеродромот во Марсеј, а потоа уште еден покрај автопатот во регионот Шампања-Ардени.
Благодарејќи на воспоставената соработка со француската групација „Olivier Bertrand“, „Burger King“ во наредниот период ќе го интевизира своето присуство во оваа земја.
Инаку Франција е најголемиот пазар за „MсDonalds“ кој во оваа земја има 1.200 ресторани, додека белгискиот „Quick“ располага со 370 објекти.
Планот на „Burger King“, на среден рок, е во Франција да отвори 350 до 400 ресторани, а веќе во 2014-та година тоа би значело и 1.200 нови работни места.