7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанската комора на Македонија договори заеднички настап со турски компании

Стопанската комора на Македонија договори заеднички настап со турски компании

stopanskakomora2

Стопанската комора на Македонија во Истанбул договори заеднички настап со турски компании на блиско-источните пазари и пазарите во Северна Африка.

Заедничката стратегија за поддршка на компаниите во заедничкото освојување на кавкаските, блиско-источните и пазарите на Северна Африка ја договорија копретседателите на Македонско-турскиот деловен совет,  Бранко Азески и Хасан Хошбен и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.

Предвиден е заеднички настап на саеми, но и  партиципирање на македонски компании во турските бизнис мисии. Договорено е овој пристап да се прошири и на регионот во рамки на активностите на Асоцијацијата на балканските комори (АБК). Во таа функција е предложено и веб-порталот на АБК  да се стави во функција на заеднички регионален настап.

Стопанската комора на Македонија попладнево информираше дека во разговорите било подвлечено дека ќе се анализираат и  проблемите со кои се соочуваат компаниите од двете земји во работењето, како и евентуалните пречки што се појавуваат пред странските инвеститори или пред увозниците и извозниците.

Како еден од конкретните проблеми е акцентирана  процедурата за издавање дозволи за времено вработување и престој во Македонија за турските бизнисмени и работници. Исто така, оценето е дека треба да се разменуваат информации за бонитет на компаниите и за нивниот интерес за отпочнување  деловни активности. Истакнато е дека  на 23 март годинава ќе се одржи и традиционалната саемска манифестација на турски компании во Скопје што ќе биде уште една можност за меѓусебно препознавање и поголемо трасирање на заедничката соработка.

Турското министерство за економија за годинава има предвидено средства за поддршка на турски компании од Тракија за развивање на деловната соработка со македонски компании, како и за развивање на  соработката на македонските со регионалните  комори од  Едрене, Киркларели и  Чанакале. Нагласено е двете страни да направат согледувања кои сектори од кои комори се со потенцијал за соработка за да може поддршката да се насочи во конкретни цели.

Делегацијата од Стопанската комора на Македонија имаше средби и со копретседателите на Иранскиот,  Азербејџанскиот и Грузискиот деловен совет,  Риза Есер, Џингис Џул и Тургул Еркин. Договорено е македонските компании да бидат поддржани од страна на овие совети на ДЕИК, а освен настапи на саеми и учество во заеднички билатерални и мултилатерални бизнис-мисии, да се поддржи и промоција на македонски фирми и да биде обезбедена логистика во  изнаоѓање  вистински деловни партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП