ПочетнаЕКОНОМИЈАКреирај ја иднината денес, на БЕСТовскиот Футуратон!

Креирај ја иднината денес, на БЕСТовскиот Футуратон!


Отсекогаш си имал иновативни идеи, но си немал шанса да ги оствариш? БЕСТ Скопје ти овозможува уникатно искуство кое ги обединува креативноста, иновацијата и програмирањето, сѐ на едно место!

Футуратон 2025 е дводневен натпревар коj ги предизвикува твоите вештини за решавање проблеми од областите на IT, AI, маркетинг, дизајн и PR.

БЕСТ Скопје во соработка со ItLabs носат нов концепт за класичните натпревари и овозможуваат поголема креативна слобода во егзекуцијата на решението.

Секој тим ќе има можност да ги трансформира своите идеи во вистинска апликација, сервис или уред кој има цел да ја подобри и унапреди технологијата на иднината.

За да учествуваш не треба да имаш претходно предзнаење, сѐ што ти треба е тим од ентузијастични другари и желба за победа, а за секое прашање ќе се погрижат искусните ментори од нашата партнер компанија ItLabs.

🍀 Покажи го твојот тимски и натпреварувачки дух на годинешното издание на Футуратон и не ја пропуштај шансата да освоиш ваучер за уред по твој избор. 

Како да аплицираш? 

👉 Сѐ што треба да направиш е да го формираш својот тим и да го кликнеш овој линк.

Апликациите се отворени до 10ти декември, но ние те поттикнуваме да се пријавиш уште веднаш!

📆 Маркирајте ги вашите календари на 20ти и 21ви декември бидејќи најголемиот иновативен натпревар конечно пристигнува меѓу студентите по технологија.

Не ја пропуштај приликата, пријави се на Футуратон и обезбеди си место меѓу најуспешните‼️

Доколку имаш дополнителни прашања обрати се на нашите социјални мрежи:

– Instagram (@bestskopje); 

– Facebook (BEST Skopje);

– LinkedIn (BEST Skopje).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП