Онлајн купувањето носи разни придобивки, но и сè повеќе предизвици, како што се лажни онлајн продавници и сè почести онлајн измами, особено во пресрет на Black Friday, за време на Black Week (од 24 до 28 ноември) и пред Cyber Monday на 1 декември.
Во текот на оваа недела, физичките и онлајн продавниците нудат специјални понуди и производи по значително пониски цени. Од почетокот на месецот гледаме реклами со привлечни попусти насекаде, а граѓаните во продавниците се обидуваат да пронајдат неколку посакувани артикли или производи пред врвот на хаосот.
Но, не треба да се занесете од онлајн понудите, бидејќи на интернет се кријат разни измамници, особено деновиве. Иако поголемиот дел од македонските веб продавници се безбедни, за време на Black Friday се појавуваат многу лажни чија цел е да ги земат информациите од картичките на клиентите.
10 совети за безбедно онлајн купување:
1.Купувајте од доверливи извори – користете брендови и продавници кои ви се познати
2.Проверете како се оценети продавачите – особено проверете непознати продавници и индивидуални продавачи.
3.Уверете се дека преносот на податоци е правилно заштитен – користете HTTPS и SSL протоколи кога пребарувате на Интернет. Запомнете: самиот симбол за катанец не значи дека веб-страницата е легална/легитимна.
4.Кога купувате онлајн/преку интернет, проверете ја веб-адресата – никогаш не користете линкови добиени преку е-пошта или социјални медиуми. Внесувате податоци директно само на безбедни веб-страници.
5.Проверете ги периодичните/повторливите плаќања – пред да ги доставите податоците од вашата картичка за да платите за трајни услуги преку Интернет, дознајте како можете да ја откажете таа услуга.
6.Не испраќајте пари на непознати – ако не би му дале пари на лице што случајно сте го сретнале на улица, не го правете тоа ниту на Интернет. Го задржувате правото прво да ја примите стоката, доколку е можно.
7.Не испраќајте информации за картичката преку е-пошта или други комуникациски услуги – никогаш не испраќајте копија од картичката, бројот на картичката, ПИН-от или други информации за картичката преку е-пошта. Никогаш не испраќајте еднократни лозинки преку SMS, Messenger, WhatsApp, Viber или други услуги.
8.Проверете ја безбедноста на плаќањата на веб-страницата – вршете онлајн купувања само на веб-страници кои користат системи за целосна автентикација со примена на 3D Secure при плаќања со картичка и двојна автентикација (како што се Visa Secure / Mastercard® Identity Check™ / Discover безбедносен код).
9.Чувајте ги сите документи поврзани со вашите онлајн купувања – можеби ќе ви бидат потребни за да ги утврдите условите на продажба или да докажете дека сте платиле за стоката.
10.Размислете двапати пред да платите – осигурајте се дека ги разбирате ризиците од купување преку интернет.



