18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody`s го намали рејтингот на Тунис

Moody`s го намали рејтингот на Тунис

moodys11modmod1

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody`s“ повторно ја намали оценката на кредитниот рејтинг на Тунис на „Ба3“, со негативна прогноза, пренесува АП.

Во извештајот, како главни причини за оваа одлука, се наведуваат политичката неизвесност и се поголемата поларизација во општеството по револуцијата која започна на крајот на 2010 година и се заврши во 2011 година.

„Moody`s“ веќе два пати оваа година ја намали оценката на Тунис, на крајот на февруари на „Ба1“ и на крајот на мај на „Ба2“. И агенцијата „Standard&Poor’s“ на крајот на август ја намали оценката на Тунис за два степена на „Б“

Во најновиот извештај, „Moody`s“ како слаби точки на економијата на Тунис, ги наведува политичката неизвесност, се поголемото раслојување на општеството, тешкото пронаоѓање на странски инвеститори, постојаната нерамнотежа во платежниот и даночниот систем, како и лошата ситуација во државните банки.

Во извештајот на агенциите се наведува дека оценката би можела да биде повторно намалена во догледен период, пред се, поради постојаната политичка напнатост во земјата како и тешкото функционирање на платниот систем. Од агенциите велат дека зголемување на оценката не се очекува во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП