25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda Civic Tourer (фото+видео)

Honda Civic Tourer (фото+видео)

trauer

Со нова галерија на фотографии и промотивно видео „Honda“ го најавува почетокот на продажбата на моделот „Civic Tourer“ кој имаше премиера на саемот во Франкфурт.

Структурно и стилски заснован на „Hondа Civic Hatchback“, „Tourer“ го задржа истото меѓуосовинско растојание од 2.59 метри, но задната оска порасна за 235 mm. Караванот е долг 4.52 m, додека ширината и висината останаа непроменети (1.77 m и 1.44 m).

trauer1

Задржано е решението за рачката за отворање на задната врата која е вметната во „С“ столбот, а исто така и идеата за стоп светлата, тие визуелно да се поврзуваат.

Погледнете го промотивното видео за „Hondа Civic Tourer“:

Во „Hondа“ особено го истакнуваат податокот дека во споредба со хечбекот, зафатнината на багажникот пораснала за 624 литри, односно на 1.668 литри со преклопени задни седишта, со што ја надмина големината на просорот за багаж која ја нуди новиот „Golf Variant“ (605 l/1.620 l).

„Civic Tourer“ се произведува во фабриката на „Hondа“ во Велика Британија, а на почеток во понудата ќе бидат верзии со 1.8 литарски „i-VTEC“ бензинец и 1.6 литарски „i-DTEC“ турбо-дизел мотор.

trauer2

Бензинецот располага со 142 ks (104 kW) и максимален вртежен момент од 174 Nm, додека дизел верзијата под хаубата има мотор кој испорачува 120 ks (88 kW) и 300 Nm.

„Honda Civic Tourer“ ќе се појави во продажните салони ширум Европа на почетокот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП