6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија обезбеди финансии за оваа година

Шпанија обезбеди финансии за оваа година

shpanija6

Шпанија ја комплетираше програмата за собирање средства од пазарот за обврзници за да ги финансира потребите на државата во 2013 година, наведува Министерството за економија во Мадрид.

Со продажбата на среднорочни и долгорочни обврзници од почетокот на годината се обезбедени 121 милијарда евра, наведува министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Откако во средината на 2012 година речиси беше принудена да побара меѓународна финансиска помош, на Шпанија и пристигна помош во вид на ветување од Европската централна банка дека ќе инвестира на пазарите за обврзници како вид на поддршка за проблематичните земји од еврозоната.

Мадрид на најновата аукција за тримесечни и деветмесечни обврзници собра 4,5 милијарди евра, со каматни стапки кои пораснаа на 0,405 од 0,294 проценти од претходната аукција, додека приносите на деветмесечните записи се намалија на 0,662 од 0,682 проценти во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП