Според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, за септември 2025 година просечната плата (бруто) изнесувала 150.947 динари(1.288 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 109.147 динари(931 евра).
Растот на бруто заработката во периодот јануари-септември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесувал 11,2 проценти, односно реално 6,6 проценти, додека просечната нето плата била повисока за 11,1 процент номинално, односно реално 6,5 проценти.

