Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари за литар.

