9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10 гиганти кои го контролираат светот

10 гиганти кои го контролираат светот

kmpaniigiganti1

Најпродаваните производи за широка потрошувачка на глобално ниво се производите на само десет индустриски гиганти.

Компаниите „Coca-Cola“, „Nestle“, „General Mills“, „Johnson and Johnson“, „Kellogg`s“, „Kraft“, „Mars“, „PepsiCo“, „Prockter and Gamble“ и „Unilever“ се империјата која владее со нашите фрижидери и е застапена во секој агол од нашиот дом, се наведува на сајтот „Socialphy“ кој ја направи картата на највлијателните компании во светската потрошувачка.

Најчести производи кои се користат за доручек во светот се „Cornflakes“ и „Nescafe“, најпродаваниот шампон е „Head & Shoulders“, а гел за туширање „Dove“. Најпродаваната паста за заби е „Oral B“, а најпродаваните фармерки „Diesel“. Сите овие производи потекнуваат или се тесно поврзани со десетте гиганти кои го контролираат светот.

Кремата за лице „Vichy“ на пример и припаѓа на „L`oreal“, но таа е 30 проценти во сопственост на „Nestle“. „Orangina“ е во сопственост на „Dr Pepper Snapple“, која е компанија-ќерка на „Cadbury“ кој е во сопственост на „Kraft“.

Сите овие примери покажуваат дека овие десет индустриски гиганти директно или индиректно се поврзани со најпродаваните производи кои секојдневно се користат во целиот свет.

Погледнете ја картата на која се претставени 10-те гиганти кои во сопственост имаат повеќе компании-ќерки и на тој начин владеат со светот, а потоа размислете колку нивни производи имате во вашиот дом и ќе се уверите во она што го кажуваме.

netnet1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП