20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле ја промовираа кампањата „Првите 5 се најважни...

УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле ја промовираа кампањата „Првите 5 се најважни на свет“

1Srnicka-destska gradinka

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денес ја претставија кампањата „Првите 5 се најважни на свет“. Целта на кампањата е да ја промовира важноста на развојот во раното детство и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој.

Кампањата е одговор на потребата од поддршка за родителите и старателите за подобро да ги разберат развојните потреби на децата во најважните години од животот – првите пет.

„ Преку кампањата сакаме да им помогнеме на родителите да научат како подобро да се грижат за децата во првите пет години од животот, како и – што е исто толку важно – да бараат подеднакво квалитетна грижа од другите возрасни што се грижат за нив – без оглед дали тоа се наставници, воспитувачи, негувателки или членови на семејството, “ изјави претставникот на УНИЦЕФ др. Бертран Демулен.

Кампањата исто така е одговор на потребата од зголемен пристап до услуги за ран детски развој. Во моментот вакви услуги пружаат единствено градинките кои се финансирани од државата и мал број центри за ран детски развој кои беа отворени со помош на УНИЦЕФ.  Иако пристапот до овие услуги е двојно зголемен од 2005 година до сега, во моментот само 1 од 5 деца (22%) на возраст од 3 до 5 години посетува градинка или центар за ран детски развој.

Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка од повеќе чинители – општини, приватни компании и поединци – за да се обезбеди пристап до квалитетни програми за ран детски развој за што повеќе деца. На почетокот од годината, во рамките на партнерството со УНИЦЕФ, Фондацијата Т-Мобиле за Македонија се заложи да донира 50,000 УСД за отворање дополнителни центри за ран детски развој.

04 (Custom) (2)

Кампањата ги повикува општините да влезат во партнерство со УНИЦЕФ и приватните претпријатија и поединци да донираат за да може да се прошири мрежата на програми за ран детски развој во оние заедници кои имаат најголема потреба од нив.

“Знаејќи ја важноста и потребата од раниот детски развој, имаме за цел да ги поттикнеме родителите и згрижувачите да дознаат што повеќе, но и да ги ангажираме сите општествени чинители да отвориме што е можно повеќе центри за Ран детски развој, како алтернатива на градинките, особено во средини каде не е исплатливо да се градат градинки – а тоа се руралните и маргинализираните средини. Со тоа им пружаме на децата од ранливи средини еднаква можност за рана едукација, која ќе им помогне да бидат подобри во училиште, и воопшто понатаму во животот. Затоа од денес почнуваме со кампања, која освен што ја потенцира важноста на раниот детски развој, има за цел да поттикне генерирање на средства, за отворање на нови центри за ран детски развој. Со оваа кампања, најпрво ги поттикнуваме општините да направат партнерство со УНИЦЕФ, бизнис заедницата да посвои центри и сите граѓани на Република Македонија, да донираат на донаторниот број 070 143 555. ,”изјави г-а Леа Липша, директор на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија.

1UNICEF i Fondacija TMobile

Во моментот функционираат  20 Центри за ран детски развој кои беа отворени преку програмите на УНИЦЕФ за поддршка на локалната самоуправа.  Со помош на средствата донирани од Фондацијата Т- Мобиле за Македонија ќе се отворат пет центри за ран детски развој во Јаргулица (Радовиш), Селце (Тетово), Десово (Долнени), Злеово (Радовиш) и Долно Лисиче (Аеродром).

Кампањата беше изработена со поддршка од следните компании кои го донираа своето време и услуги: Publicis; Nextsense, danu.biz; Httpool; медиуми: МРТВ; Алфа ТВ, Алсат ТВ, Сител ТВ; Телма ТВ, Media Print Macedonia, Коха; портали: time.mk, crnobelo.mk; kajgana.mk; femina.mk; поединци: Кристијан Ристевски; Небојша Гелевски.

За да дознаете повеќе за кампањата „Првите 5 се најважни на свет“ посетете ја веб страната www.prvite5.mk.  Исто така следете ја кампањата на www.facebook.com/pvite5.mk  и https://twitter.com/prvite5 за да бидете во тек со резултатите од активностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП