7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај на соработката Цитроен-Пежо со Рено

Крај на соработката Цитроен-Пежо со Рено

pezo-fabrika-u-paimpontu

Партнерството на Цитроен и Пежо со Рено кое започна во далечната 1969-та година, по многубројните шпекулации, овие денови француските производители на автомобили објавија дека повеќе немаат заеднички интереси и дека нивната соработка ќе се прекине.

Групацијата Цитроен-Пежо ќе откупи 50 проценти од уделот кој Рено го има во фабриката за мотори во Доуврин, додека Рено ќе го купи делот од 20 проценти на ПСА во фабриката за производство на менувачи во близина на Руиц.

Финансискиот дел од целата зделка не е познат, но едно е сигурно дека нема да има отпуштање на околу 3.600-те вработени кои работат во двете фабрики.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП