8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer нуди 1.8 милијарди евра за Algeta

Bayer нуди 1.8 милијарди евра за Algeta

bayer algeta

Германската фармацевтска групација „Bayer“ поднесе 1.8 милијарди евра вредна понуда за норвешкиот партнер „Algetа“, кој е специјализиран за радиотераписки третмани за рак. Ова денеска го објави норвешката компанија.

Реагирајќи на извештаите во медиумите, од „Algeta“ потврдија дека на берзата во Осло, „Bayer“ им понудил 336 норвешки круни (40,7 евра) по акција.

Вредноста на понудата е за 27 проценти поголема од заклучената цена на акциите на „Algetа“ во претходниот ден на тргување.

„Algeta“ е специјализирана за радиотераписки третмани кои користат радиум 223 и ториум 227 за уништување на клетките од ракот, со минимална штета на околните ткива.

Водечкиот производ на компанијата „Xofigo“, со кој се лечи рак на простата, во мај доби дозвола за користење во САД и „Algeta“ го дистрибуира во соработка со „Bayer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП