Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече трае до први јануари 2026 година.

