25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank купува голема банка во Србија

Sberbank купува голема банка во Србија

sberbankata

Најголемата руска банка „Sberbank“ е заинтересирана за купување на една голема банка во Србија.

Според неофицијалните информации во игра се италијанската „Inteza“ и домашната „Комерцијална банка“, водечките банки во Србија со околу 600 експозитури и филијали и со повеќе од 6.000 вработени. Меѓутоа, од „Intezа“ ги демантираат овие шпекулации.

Руската банка има желба што е можно повеќе да се прошири во Србија, па така интезивно отвора нови филијали во Белград, но и во останатите градови и места во Србија.

„Sberbank“ во Србија пристигна минатата година со купувањето на австриската „Folksbank“.

Оваа банка е подготвена за големи вложувања во Србија, со посебен акцент на соработка со големите приватни компании и јавни претпријатија. Па поради тоа би сакале да превземат една голема банка на српскиот пазар.

Што се однесува до „Комерцијална банка“, таа и натаму е со мнозински дел на државата со учество од 42,59 проценти, додека Европската банка за обнова и развој во неа има удел од 25 проценти.

Досега во неколку наврати се споменуваше дека оваа најголема српска банка ќе заврши во рацете на некоја странска, но по минатогодишната рекапитализација од 100 милиони евра, колку државата што вложи беше кажано дека е ставен мораториум за продажба во траење од пет години.

За „Комерцијална банка“ досега постоеше став од една страна дека треба да биде продадена и да добие нов сопственик, додека други сметаа дека на Србија и е потребна една силна домашна банка.

Втората банка која е во игра да се најде под „капата“ на најголемата руска банка е италијанската „Inteza“.

Меѓутоа од „Intezа“ демантираа дека преговараат со Русите околу продажбата на оваа финансиска институција.

„Sberbank“ располага со капитал од 876 милијарди евра, има вработено 245.000 луѓе и нејзините услуги ги користат повеќе од 70 милиони клиенти.

Основач на оваа банка е „Банка Русија“ и нејзин сопственик со 50 проценти плус една акција со право на глас.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП