24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ застана во одбрана на Франција

ММФ застана во одбрана на Франција

mmf

ММФ ја критикува неодамнешната одлука на американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor`s – S&P“ која го намали кредитниот рејтинг на Франција.

Таа одлука не беше оправдана, изјави главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, Оливие Бланшар.

„Иако Франција сеуште не закрепна целосно, не гледам опасност од некој повисок ризик поради кој не би била во состојба да ги сервисира своите долгови. Од таа причина намалувањето на рејтингот беше неоправдано“, изјави Бланшар, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ситуацијата во Франција не е розева, но не е ни така лоша како што се претставува“, додаде Бланшар и истовремено истакна дека Франција оваа година значително го намали буџетскиот дефицит.

На почетокот на ноември, агенцијата „S&P“ го намали суверениот кредитен рејтинг на Франција за еден степен од „АА+“ на „АА“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП