19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Нова банкнота од 10 евра

ЕЦБ: Нова банкнота од 10 евра

10evraev

Европската централна банка-ЕЦБ соопшти дека на почетокот на летото наредната година ќе биде пуштена во промет нова банкнота од десет евра.

Новата банкнота ќе го носи ликот на феникијската принцеза на Европа од грчката митологија.

Портретот на божицата на Европа ќе се појави на водениот жиг и холограмот, а точниот датум на пуштањето на банкнотата ќе биде објавен по претставувањето на 13 јануари 2014 година, се наведува во соопштението на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Ставањето во промет на новата банкнота од 10 евра доаѓа по овогодинешната промоција на банкнотата од пет евра, додека новата серија на банкнотите од 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе биде претставена во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП