4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсветлување 6.000 метри од автопатот „Александар Македонски“

Осветлување 6.000 метри од автопатот „Александар Македонски“

full

Осветлувањето на делницата од автопатот „Александар Македонски“, од клучката Гевгелија до граничниот премин Богородица, ќе биде пуштено денеска во 16:30 часот, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Градежните активности за осветлувањето на оваа делница опфаќаат поставување 158 канделабри (со висина од 12 метри и должина на лира од 1,5 метар), од кои 61 се со еднокрака и 97 со двокрака лира.

Должина на трасата која е осветлена изнесува 6.000 метри, од кои 3.500 метри на автопатот и 2.500 метри на краците од клучката.

Осветлувањето е изведено со систем за намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки, но не со класичен начин (со исклучување на секоја втора светилка во одредено време), туку со снижување на влезниот напон.

Тогаш сите светилки со полна снага од 250W работи со снага од 150W.

Системот за димирање се вклучува во 00:00 часот, кога фреквенцијата на сообраќајот е намалена, а се исклучува со исклучување на сите светилки.

Со ова се постигнува рамномерно намалување на осветленоста, односно светлосниот флукс се намалува до 50 отсто на сите светилки долж сообраќајницата.

Визуелниот ефект од намалувањето на осветленоста е неприметен за голо око, и ваквото намалување на степенот на осветленост нема да влијае на безбедноста на сообраќајот, особено што димирањето се врши во периоди со намален сообраќај.

Вкупна вредност на извршените работи изнесува 18,5 милиони денари.

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека ќе продолжат со своите активности за осветлување на клучките на автопатите на Коридор 10 и Коридор 8 и во следниот период во насока на подигнување на нивото на услуги за корисниците на автопатот но пред се поради зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП