ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашните туристи ги заобиколкуваат македонските туристички капацитети!

Домашните туристи ги заобиколкуваат македонските туристички капацитети!

Продолжува негативниот тренд во туризмот во земјава кога станува збор домашниот турист. Туристите од Македонија бележат пад во однос на посетата на домашните туристички локалитети, а во исто време се намалуваат и ноќевањата во македонските туристички капацитети од страна на домашните туристи.

Државните статистичари објавија податоци за движењето на туризмот за периодот од јануари до септември. За разлика од домашните гости, туристите од странство бележат раст во секој поглед.

Официјалните податоци велат дека од јануари до септември бројот на туристи во земјава биле регистрирани нешто над еден милион. Од нив само 24 проценти биле домашни туристи. Податоците на статистика велат дека во анализираниот период бројот на гости од македонија е намален за 1,4 проценти, а бројот на ноќевања е во минус од 3,8 отсто. Странските туристи се зголемени за близу 10 отсто, а пак бројот на ноќевања од страна на странски гости изнесува седум отсто.

„Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7.0 %.“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Податоците велат дека најмногу странски гости во земјава доаѓаат од Турција, Србија, Германија, Полска. Инаку, туристичките работници оваа сезона ја прогласија за неуспешна бидејќи капацитетите биле полни за време на викендите, и околу празникот Илинден.

Препораката до туристичките власти е да се вложува повеќе во инфраструктура, и во нови капацитети во туризмот се со цел привлекување на домашни дуристи.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП