17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако влијаат социјалните мрежи на вашиот бизнис?

Како влијаат социјалните мрежи на вашиот бизнис?

socisoci1

Што претставуваат социјалните мрежи? Се работи за бесплатни онлајн сервиси кои им овозможуваат на корисниците комуникација со светот и моќност за сопствена презентација. Денес корисници се околу стотици милиони луѓе. Покрај неутралните сервиси постојат и сервиси со одредена намена чиј фокус се одредени корисници.

Одговорот на прашањето – Дали се исплати вложувањето во социјалните мрежи? …е ДА.

Главни причини зошто денес се исплати вложувањето во социјални мрежи се следните:

1. Ви помага секогаш да се најдете еден чекор пред конкуренцијата

Американска студија покажува дека компаниите кои имаат најголем раст во минатиот период најмногу вложувале во социјалните мрежи. Трендовите во вложувањето во маркетингот за малите и средни компании покажуваат дека социјалните мрежи ќе бидат уште позастапени во нивните комуникациски активности.

2. Зголемување на опсегот на Вашата компанија

Facebook има корисници низ целиот свет и расте за 25 проценти годишно. Користете ги социјалните мрежи за да може информацијата за Вашата компанија, нејзините производи и промоциите да дојдат до повеќе луѓе бесплатно.

3. Социјалните мрежи го осигуруваат Вашето SEO (Search Engine Optimzation) за Вашето присуство на интернет

„Роботите-истражувачи“ на Google ги следат сите видови активности, колку повеќе активности има поврзано со Вашата компанија на интернет толку ќе бидете пласирани на повисоко место во пребарувањата по клучен збор. Клучниот збор го опишува Вашето работење, а потенцијалниот купувач го впишува при пребарување на Google за да ги пронајде потребните информации. Ставањето на вашата содржина (на дневна или пак на неделна основа) го подобрува SEO.

4. Присутноста на социјалните мрежи влијае на кредибилитетот на компанијата и на зголемување на довербата на Вашите идни клиенти

Идните купувачи денес се повеќе се ангажирани во барање на информации, а интернетот им е примарен избор. Доколку Ве нема на интернет се поставува прашањето зошто Ве нема на местото каде што се Вашите потенцијални купувачи. Така расте сомнежот за кредибилитетот на Вашата компанија.

5. Даваат одличен прв впечаток

Активностите на интернет секако даваат одличен прв впечаток за Вашата компанија – кои сте, со што се занимавате, како работите и каде работите. На тој начин е можно на потенцијалните идни купувачи да им се дадат сите информации пред да се дојде до првиот разговор. Затоа и Ве доживуваат како извор на информации на кои можат да им веруваат кој е секако критичен фактор при планирањето на купувањето или избирање на добавувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП