ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците најбројни туристи во Македонија, по нив следат србите и германците

Турците најбројни туристи во Македонија, по нив следат србите и германците

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %. 

Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7.0 %.

Според Државниот завод за статистика, најмногу странски туристи во септември 2025 година дошле од Турција 32 950, Србија 8 830 и Германија 6 615.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП