6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Економист“: Грција ќе добие нов пакет за спас

„Економист“: Грција ќе добие нов пакет за спас

The

Британското списание „Економист“ предвидува дека Грција ќе земе нов спасувачки пакет и оти тоа ќе се случи наредната година, бидејќи земјата ќе има потреба од нова финансиска помош.

Грција ќе има потреба од дополнителна финансиска помош по истекувањето на сегашниот спасувачки пакет на крајот на јуни 2014 година, кој земјата го добива од ЕУ и ММФ, прогнозира „Економист“.

Според весникот, преговорите за грчкиот долг и услови за негово намалување ќе продолжат во целата прва половина на следната година и ќе резултираат со доволна поддршка за земјата, со што ќе биде избегнато нејзино излегување од еврозоната.

Британското списание изразува загриженост и за феноменот „крајна десница“ во Грција, истакнувајќи дека таа добила крајно десно екстремистични манифестации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП