ПочетнаЕКОНОМИЈА„Пророкот од Омаха“ оди во пензија: Ворен Бафет објави крај на една...

„Пророкот од Омаха“ оди во пензија: Ворен Бафет објави крај на една ера во Беркшир Хатавеј

Ворен Бафет, претседател на одборот на директори на американскиот мултинационален конгломерат Беркшир Хатавеј, им порача на акционерите во својата традиционална годишна порака дека ќе „молчи“ откако ќе се пензионира на крајот од оваа година.

Сепак, според CNN, 95-годишниот Бафет сè уште не го напушта целосно Беркшир Хатавеј, иако повеќе нема да ги координира процедурите за креирање на редовните годишни извештаи на компанијата.

Бафет ќе продолжи да ја доставува својата годишна порака за Денот на благодарноста до акционерите, најавувајќи дека ќе „ги зголеми филантропските активности“ и ќе подари дел од своите акции во вредност од околу 149 милијарди долари.

Бафет, кој е наречен Пророкот од Омаха, стана икона на инвестициското банкарство, милијардер кој го негуваше имиџот на „човек од народот“ преку своите писмени обраќања до акционерите.

Следната година, Бафет ќе биде заменет од Грег Абел (63), сегашен потпретседател за операции надвор од осигурителниот домен, како претседател на Управниот одбор на „Беркшир Хатавеј“, пишува Си-Ен-Ен.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП