9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSingapore Airlines jа укина најдолгата линија во светот

Singapore Airlines jа укина најдолгата линија во светот

singasinga1

Најдолгата комерцијална авионска линија во светот беше укината вчера по летот на последниот авион кој ја возеше таа линија, односно цели 19 часови директен лет од Њујорк до Сингапур.

Авионот на летот Sq21 слета на аеродромот Чанги и така го заврши последниот лет на линијата Њујорк-Сингапур, стара девет години.

Порастот на цента на горивата оваа линија подолга од 15.000 километри ја направи неисплатлива, изјавија аналитичарите.

За последниот лет на аеродромот во Њујорк имало само сто патници, сите користеле бизнис класа, плаќајќи карта од 14.000 сингапурски долари (8,200 евра) во двете насоки.

Врската Сингапур-Њујорк сеуште постои, но со слетување во Франкфурт.

Најдолгите линии во светот сега се Дубаи-Хјустон, Дубаи-Лос Анџелес и Јоханесбург-Аталанта, и овие летови траат по 16 часови, изјави центарот за воздухопловство во Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП