20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Лада Самара!

Крај за Лада Самара!

lada samara

Компанијата „Автоваз“ соопшти дека во декември ќе го произведе последниот примерок на моделот „Лада Самара“ со пет врати. Некогаш популарната „Самара“ ќе ја замени новиот модел, „Лада Гранта“.

Престанувањето на производството на моделот „Лада Самара“ претставува завршна етапа од обновата на марката „Лада“.

Како замена за „Самара“ доаѓа хечбекот „Лада Гранта“ чие производство ќе започне во 2014-та година во фабриката на „Автоваз“ во местото Ижевск. Моментално во оваа фабрика се произведува „Лада Гранта“ во седан верзија.

Во тек е и продолжувањето на модернизацијата на втората главна производна лента на која моментално паралелно се произведуваат моделите „Самара“ и „Приора“.

Како што објасни претставникот за медиумите на компанијата „Автоваз“, на модернизираната линија од 2015-та година, покрај возилата од марката „Лада“ ќе се произведуваат и автомобили на алијансата „Рено-Нисан“. Планираниот капацитет на новата линија е околу 360.000 возила годишно.

„Лада Самара“ започна да се произведува уште во советската ера, во 1984-та година, а се изработуваше во три верзии, како хечбек со 3 и 5 врати и како седан со 4 врати.

Ова беше популрано возило и на овие простори, особено кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години од 20-тиот век. Покрај земјите од Источна Европа, „Самара“ своевремено се продаваше и на западноевропските пазари, вклучувајќи ја и Велика Британија, но и ширум светот од Австралија до Канада.

Во текот на скоро три децениското производство, „Самара“ значително не го промени својот изглед, иако на неколкупати беше редизајнирана.

Во 2012-та година „Автоваз“ во Русија продаде околу 68.000 примероци од моделот „Лада Самара“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП