ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно ослободување од санкциите на САД - руската нафта може да тече...

Целосно ослободување од санкциите на САД – руската нафта може да тече кон Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека добил ослободување од американските санкции врз руските енергетски компании.

Орбан изјави дека Унгарија успешно го заштитила својот план за намалување на сметките за енергија, како и дека ќе биде целосно ослободена од санкциите поврзани со гасоводите Турски тек и Дружба, објави унгарската агенција МТИ.

-Унгарија ќе продолжи да има најниски цени на енергијата во Европа – рече унгарскиот премиер, додавајќи дека Будимпешта ги подготвила сите потребни услови за тоа.

Според него, санкциите што можеа да ги направат испораките или увозот на енергија поскапи за Унгарија нема да бидат применети.

-Ова е целосно ослободување од санкциите, без временско ограничување – рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарија и САД постигнале договор за соработка во областа на нуклеарната енергија, како и за укинување на санкциите воведени од администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден во врска со нуклеарната централа Пакс 2, објави агенцијата МТИ.

Орбан посочи дека нема забелешки од САД за изградбата на Пакс 2.

Како што изјави, врз основа на постигнатиот договор, американската компанија Вестингхаус ќе стане нов снабдувач на горивни прачки за унгарската енергетска индустрија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП