5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Драстично зголемување на даноците

Грција: Драстично зголемување на даноците

greece-and-a-eurozone-exit-M9711

Сопствениците на имот во Грција во текот на наредната година ќе мораат да платат осум пати повисоки даноци во спорeдба со 2009 година, пишува дневникот „Катимерини“.

Според предлог-буџетот за наредната година, приходите од сите видови на даноци за имот треба да достигнат 3,93 милијарди евра.

Во текот на 2009 година приходите од даноците изнесуваа 526 милиони евра.

Грција во буџетот за 2010 година од даноците собра околу 487 милиони евра, а во 2011 година двојно повеќе – 1,17 милијарди, и тоа со воведување на механизам за плаќање данок преку сметките за електрична енергија.

Грчките власти со цел решавање на финансиските проблеми го усвоија и законот за наплата на такси за движење во морето.

Таксите ќе бидат собирани од мали бродови кои се подолги од 7 метри, независно дали се трговски или се на физички лица.

За бродовите со должина од седум и осум метри таксата изнесува 200 евра, за пловни објекти со должина од осум до десет метри таксата е 300 евра, а за подолгите од 12 метри ќе се наплатуваат 400 евра. За екстра долгите, газдите ќе мора да платата 100 евра за еден метар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП