28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведен последниот Gallardo

Произведен последниот Gallardo

gallardo posleden

Последниот примерок на најпродаваниот модел на „Lamborghini“ излезе од производната лента во понеделникот на 25-ти ноември. Во текот на десет години во различни верзии беа произведени 14.022 примероци од овој автомобил.

„Lamborghini“ некогаш беше познат по егзотичните и многу ретки суперавтомобили, кои се издвојуваа во мали серии. До значајни промени дојде во 1998-та кога компанијата ја превзема „Audi“.

Новиот сопственик почна да ги произведува моделите на „Lamborghini“ во илјадници примероци, а најбараниот меѓу нив, „Gallardo“, се доближи до бројката од 15.000 единици.

„Lamborghini“ уште на крајот на 2012-та година ја најави последната серија на „Gallardо“, со што го најавуваше и крајот на овој модел. Една година подоцна, произведен е и последниот примерок – „Gallardo LP 570-4 Spyder Performante“. Автомобилот ќе биде испорачан до засега неименуваниот приватен колекционер.

Колку „Laborghini“ го промени моделот „Gallardo“ во текот на една деценија говори и податокот дека годишното производство кој со децении не надминуваше 250 автомобили, порасна за десет години на 2.000 примероци. Вкупниот број на произведени примероци на моделот „Gallardo“ претставува скоро половина од целата петдецениска продукција на „Laborghini“ – од основањето во 1963-та до денеска изработени се околку 30.000 автомобили.

Наследникот на „Gallardо“, кој би требало да го добие името „Cabrera“, е планиран за 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП