ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Мајами наскоро ќе биде рај за оние што бегаат од комунизмот...

Трамп: Мајами наскоро ќе биде рај за оние што бегаат од комунизмот во Њујорк

Американскиот претседател Доналд Трамп не го криеше своето незадоволство откако Зохран Мамдани беше избран за нов градоначалник на Њујорк, велејќи дека Мајами „наскоро ќе биде рај за оние што бегаат од комунизмот во Њујорк“.

Односот меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп и новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, дополнително се интензивираше само неколку часа откако 34-годишниот демократски социјалист победи на изборите.

-Трамп, знам дека гледаш, имам два збора за тебе: крени го гласот – рече Мамдани од сцената за време на прославата на победата во Бруклин.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека Трамп навистина го следел говорот.

Трамп, кој е роден во Њујорк во 1946 година, повторно беше цел на пораките на Мамдани.

-Ако некој може да ѝ покаже на нацијата предадена од Доналд Трамп како да го победи, тоа е градот што го создаде – рече Мамдани.

Американскиот претседател го спомена и Мамдани додека зборуваше на бизнис-конференција во Мајами.

Трамп рече дека Мајами „наскоро ќе биде рај за оние што бегаат од комунизмот во Њујорк“.

-Одлуката пред сите Американци никогаш не била појасна, ние избираме помеѓу комунизмот и здравиот разум – рече Трамп, додавајќи дека демократите нудат „економски кошмар“, додека неговите политики би донеле „економско чудо“.

Неговиот говор се одржа по повод првата годишнина од неговата победа на претседателските избори над демократката Камала Харис.

-Ја спасивме економијата, ја вративме слободата и ја спасивме нашата земја заедно во таа славна ноќ пред 365 дена – им рече Трамп на собраните поддржувачи.

Трамп не застана тука, туку повторно упати остри зборови на сметка на новоизбраниот градоначалник на Њујорк, велејќи дека Мамдани го претставува бранот демократи во Вашингтон.

-Ако сакате да видите што конгресните демократи планираат да ѝ направат на Америка, погледнете ги резултатите од вчерашните избори во Њујорк, каде што нивната партија назначи комунист за градоначалник на најголемиот град во земјата – рече Трамп.

Во посебно интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека е подготвен да разговара со Мамдани, но нагласи дека новиот градоначалник мора да покаже почит кон Вашингтон и неговата финансиска поддршка од Њујорк ако сака да успее, пренесува ДПА.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП