12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдвоени сметки: Мажите повеќе трошат на алкохол, а жените на облека

Одвоени сметки: Мажите повеќе трошат на алкохол, а жените на облека

braksmetki1

Освен фамилијарна, бракот е и економска заедница, а токму парите се честа причина за нејзиното распаѓање. Студиите ги откриваат негативните страни на оделните сметки на мажите и жените.

Општо земено, паровите често имаат одвоени сметки и заеднични сметки, а брачните советници истакнуваат дека посреќни се оние парови кои имаат заеднички сметки. Кај паровите со одвоени сметки обично се работи за одвојување на еднакви и помали суми на пари за храна и сметки, додека остатокот од парите секој брачен другар го троши на свој начин.

Мажите со одвоени сметки повеќе трошат на алкохол

Според американското истражување, од паровите кои имаат одвоени финансии, мажите трошат и до 70 проценти повеќе пари на алкохол, обично на плаќање пијалоци во омиленото кафуле. Исто така, мажите кои не се правдаат за своите трошоци пред жените, повеќе трошат и на автомобил, односно одбираат поскап модел.

Жените со одвоени сметки повеќе трошат на шопинг

Во истата ситуација со одвоени финансии, жените, 60 проценти од своите пари ќе ги потрошат на шопинг. По раѓањето на првото дете, жените помалу трошат на себе, односно сите свои пари ги трошат за детето, покажуваат истражувањата.

Одвоените сметки го намалуваат чувството за меѓусебни „обврски“

Истражувањата покажуваат дека паровите кои немаат заеднички финансии често сметаат дека се премногу разделени и небезбедни и не веруваат целосно во долгорочна иднина.

Одвоените сметки ја доведуваат довербата во прашање

Материјалните аспекти на заедничкиот однос за многу парови е чувствително прашање, но тоа бара заеднички договор кој ќе им одговара на двете страни. Себичниот пристап во кој едниот партнер ги задоволува своите потреби, купувајќи ги своите омилени работи без да размисли дали ќе останат доволно средства за заеднички трошоци или сметки е индикатор за поголеми проблеми во односот.

Решавања на проблемот

Според препораките од експертите, постојат неколку начини за решавање на финансиските проблеми во односот.

Важно е на почетокот на заедничкиот живот да се договорат околу плаќањето на сметките и трошоците за храна. Треба да се избегнува односот во кој едниот партнер глуми родител, а другиот дете во финансиска смисла. Пожелно е да се одреди лимит на заедничкото и самостојното трошење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП