21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ги распродаде сите примероци на i8 за 2014-та

BMW ги распродаде сите примероци на i8 за 2014-та

bmw-i8-concept-photo

Според изјавите на раководството на „BMW“, нивниот нов спортски хибриден автомобил постигнува фантастични резултати.

Поминаа нешто повеќе од два месеци од кога беше претставен моделот „BMW i8“, а баварскиот автомобилски гигант тврди дека интересирањето на купувачите за овој модел ги надмина сите очекувања.

„Бројот на нарачки кои ги добивме го достигна целокупното планирано годишно производство за овој модел“, изјави шефот за продажба на „BMW“, Иан Робертсон, но тој не го соопшти точниот број на потенцијалните купувачи.

Доколку се потсетиме дека „BMW“ на премиерата во Франкфурт најави годишно производство на околу 10.000 единици, доаѓаме до приближниот број на нарачани примероци.

Што се однесува до вториот автомобил од новата серија „i“, електричниот „BMW i3“, Робертсон беше конкретен. Тој вели дека неговата компанија добила скоро 10.000 нарачки за овој модел, кој официјално започна да се испорачува во Европа во текот на ноември, додека стартот на продажбата на пазарите во САД и Кина е закажан за почетокот на 2014-та година.

Во октомври, според одговорните лица во „BMW“, бројот на заинтересирани купувачи на моделот „i3“ беше околу 8.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП