19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален рускиот трговски суфицит

Намален рускиот трговски суфицит

rusija4

Позитивното салдо на трговскиот биланс на Русија во првите девет месеци од оваа година е намалено за девет проценти, во споредба со истиот период од минатата година, на 133,6 милијарди долари.

Како што објави рускиот Завод за статистика – Рос Стат, повикувајќи се на податоците на Банката на Русија, извозот во периодот од јануари до септември е намален за 1,3 проценти во однос на истиот период од претходната година, на 382,8 милијарди долари.

Увозот, истовремено, е зголемен за 3,4 проценти на 249,2 милијарди долари. Надоврешно-трговскиот промет на Русија за првите девет месеци од оваа година е зголемен за пет проценти, на 632 милијарди долари, пренесува агенцијата Итар тас.

Како што претходно пренесе агенцијата, повикувајќи се на податоци од Министерството за економски развој на Русија, трговскиот суфицир во периодот од јануари до октомври 2013 година изнесувал 147 милијарди долари, што е за 8,8 проценти помалку во однос на првите десет месеци од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП