21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски на Самитот на Кина и земјите од ЦЕИ

Премиерот Груевски на Самитот на Кина и земјите од ЦЕИ

gruevski-za-itar

Во главниот град на Романија денеска ќе се одржи Самит на шефови на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа, на кој ке присуствува и македонскиот премиер Никола Груевски.

На самитот, кој се одржува втора година по ред, се очекува Кина да ги претстави новите планови за нејзиното натамошно делување во регионот на Централна и Источна Европа, како и можностите за понатамошна соработка, јави известувачот на МИА.

Најавено е присуство на шефови на влади и високи политички претставници на 17 држави кои ќе се обединат околу акциониот план за соработка кој ги содржи главните насоки за развој на односите и соработката на Источна и Централна Европа со Кина.

Се очекува премиерите да се обврзат секоја есен да има редовен годишен состанок на кој ќе се следи развојот и
реализацијата на планот, како и да се направи тригодишен план 2015 – 2018 година.

На маргините на форумот премиерот Груевски ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои со неговиот кинески колега Ли Кекјианг, со претседателите на владите на Естонија и Полска, Андру Ансип и Доналд Туск, како и со претседателот на Домот на пратеници во Романија, Валериј Згона.

Иницијативата за соработка мегу земјите од ЦЕИ и Кина започна минатата година во Варшава каде кинеската Влада објави дека е подготвена да вложи 10 милијарди долари за инвестициски развој на овој регион.

Македонија е првата држава која веќе потпиша конкретен договор за искористување на дел од овие средства кои ќе бидат наменети за изградба на двете нови автопатски делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, вредни 580 милиони евра.

Градежните работи се очекува да започнат догодина, а финансирањето ќе биде преку кинеската Ексим банка и 10
проценти преку Буџетот на Република Македонија.

Со двете нови делници се очекува да се овозможи полесно поврзување на источниот и западниот дел на државата со главниот град и да се забрза локалниот економски развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП