Стопанската комора на Македонија организира Македонско-египетски бизнис форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.
По завршувањето на бизнис форумот, предвидено е да се реализираат билатерални разговори меѓу компании од двете земји.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Египетската бизнис асоцијација-ЕБЈ ги организира билатералните бизнис средби со компании од Египет.