22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на суровата нафта по договорот со Иран

Пад на цената на суровата нафта по договорот со Иран

cadf

Договорот на шестте големи сили со Иран, околу неговата нуклеарна програма, предизвика пад на цената на нафтата.

Падот е поголем на берзите во Азија, каде големите азиски земји се главните увозници на иранската нафта. На берзите изутрината тешката, сурова нафта се продаваше за 108,63 американски долари, за барел, што е за два отсто помалку отколку во петокот, пред затворањето на берзите во текот на викендот.

Американската лесна нафта е намалена за 84 центи и сега се продава за 93,64 долари, за еден барел.

Иран е на четврто место во светот по резервите на нафта што му се на располагање, но со години на ред ефектот од експлоатацијата е мал, поради острите меѓународни санкции, што ги воведоа ОН, откако властите во Техеран одбиваа да се договорот со меѓународната заедница за неговата нуклеарна програма.

Иранските власти тврдат дека нивната нуклеарна програма е за цивилни потреби и за производство на електрична енергија, но Западот стравува дека таа е само параван за производство на нуклеарно оружје.

Со договорот од Женева, Иран ќе прекине некои од своите активности со нуклеарната програма и ќе дозволи поголем пристап на меѓународните експерти за контрола на нуклеарните постројки, а за возврат ќе добие делумно олеснување на острите економски санкции.

Со договорот, Иран во следните шест месеци не ќе може да го зголеми сегашното производство од 2,1 милион барели сурова нафта, но постигнатата согласност во Женева ги олесни тензиите на меѓународниот пазар со нафта и предизвика пад на цената.

Падот може да биде поголем во наредните денови, кога се очекува ЕУ да олесни дел од нејзините санкции кон Иран. Дури 62 отсто од својата нафта Иран продава на азискиот пазар, но се продава и во ЕУ, каде Италија со 10 отсто е четвртиот најголем купувач на иранската нафта.

Најголем купувач е Кина, која зема 20 отсто од иранското производство на нафта, па Јапонија со 17, Индија со 16 и Јужна Кореја со девет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП