5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle го проширува производството во Турција

Nestle го проширува производството во Турција

nestlenesnes1

Швајцарската компанија „Nestle“ ќе го прошири своето производствo во еден од најважните регионални центри, во западна Турција.

„Nestle“ во фабриката во Каракабеј ќе инвестира дополнителни 9,9 милиони франци и ќе отвори 100 нови работни места.

Благодарение на оваа инвестиција, споменатата фабрика ќе стане еден од најголемите производни центри на „Nestle“ во регионот, се наведува во соопштението на компанијата.

„Nestle“ својата прва фабрика во Турција ја отвори уште во 1909 година, а денес располага со четири производствени центри кои вработуваат повеќе од 3,800 лица.

Фабриката во Каракабеј е отворена во 1989 година и во неа се произведуваат супите од брендот „Maggi“, главно за растечкиот пазар на Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП