21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинески инвеститори за данок должат 623 милијарди долари

Кинески инвеститори за данок должат 623 милијарди долари

China

Водечките кинески инвеститори должат 3,8 билиони јуани (623 милијарди долари) на име неплатени даноци, соопштија кинеските медиуми.

Кинеската централна телевизија (CCTV) во програмата за потрошувачите, објави дека компаниите за продажба на недвижности морале да платат 4,6 билиони јуани данок за градежно земјиште во периодот од 2005 година до 2012 година, но дека се собрани само 800 милијарди јуани.

Меѓутоа, во телевизиската репортажа не се објавени сите имиња на компаниите кои должат за данок, но соопштено е дека меѓу нив има 45 претпријатија кои се котираат на берзата и кои работат на домашниот пазар и во странство.

Корисниците на интернет во Кина веднаш ги обвинија компаниите за продажба на недвижности за алчност и за многу високите цени на недвижностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП