Откако „iOS 26“ беше објавен во септември, на мрежите и форумите се појавија бројни поплаки дека новата верзија на системот драстично го намалува животниот век на батеријата, особено на „iPhone“ уредите.
Еден корисник изјави дека неговиот „iPhone 15“, кој е сосема нов, се испразнил од 90% на 45% без никаква употреба и без никакви апликации да работат во позадина, заклучувајќи дека единствениот виновник е „iOS 26“.
Слични поплаки го преплавија „Reddit“, каде што корисниците на моделите „iPhone 13“, „14“ и „16“ пријавуваат дека нивната автономија е скратена за неколку часа. Еден од нив истакна дека порано го завршувал денот со 87% батерија, а сега едвај останува над 50%, иако батеријата е речиси нова. Многумина тврдат дека батеријата е особено испразнета кога се прелистуваат новите ефекти „Liquid Glass“ во интерфејсот.
Корисниците ширум светот тврдат дека „iOS 26“ брзо им ги празни батериите
На социјалната мрежа „X“, порано позната како „Twitter“, корисниците се жалат и дека нивниот „iPhone 16 Pro“ сега станал „телефон за половина ден“, бидејќи не може да трае ниту до попладне без полнење.
„Apple“ одговори со објаснување на својата страница за поддршка. Компанијата наведува дека ваквите проблеми се нормални по големите ажурирања, бидејќи уредот работи во позадина некое време: индексирање на податоци, ажурирање на апликации и преземање нови системски елементи. Како што велат, сето ова може привремено да влијае на перформансите и траењето на батеријата, но ситуацијата треба да се стабилизира преку последователните ажурирања на „iOS 26“.
„Apple“ тврди дека намалувањето на траењето на батеријата е привремено
„Apple“ исто така препорачува корисниците да ги ажурираат сите апликации, да ги исклучат функциите што трошат многу енергија, како што е „ProMotion“, и да го активираат режимот на ниска потрошувачка на енергија. Некои корисници потврдија дека рестартирањето на уредот по ажурирањето на апликациите помогнало во ублажување на проблемот.
Сепак, многумина сè уште чекаат официјалено ажурирање што трајно би го решил овој неочекуван пад на автономијата на батеријата.
„iOS 26“ носи очигледни проблеми со потрошувачката на батеријата, и иако „Apple“ тврди дека е привремено, корисниците очекуваат брзо решение преку следното системско ажурирање, пишува „Mashable“.



