6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот Land Rover - Range Rover Hybrid

Првиот Land Rover – Range Rover Hybrid

range hibrid

„Land Rover“ ги претстави своите први хибридни модели, „Range Rover Hybrid“, како и „Range Rover Sport Hybrid“ кои нудат врвна економичност во потрошувачката на гориво, значително пониска емисија на „CO2“ и ги задржуваат познатите можности и перформанси на моделите на „Land Rover“.

Првите испораки од овие два модели кои ги карактеризира целосната изработката од алуминиум,  ќе започне наредната година. Возилата се базирани на „Land Rover Premium Lightweight“ архитектурата и делат идентичен погонски агрегат со постоечкиот модел, а истовремено се првите дизел „SUV“ хибридни модели на светот.

range hibrid 2

Погонот на новиот „Range Rover Hybird“ се состои од три режими кои може да ги избере самиот возач во комбинација со популарниот „3.0L SDV6“ дизел агрегат заедно со електромоторот со моќ од 35kW кој е интегриран со осумстепена „ZF“ трансмисија.

Хибридниот систем вклучува „Li-Ion“ батерија, инвертор и електричен мотор кој тежи помалку од 120kg. Електричниот мотор развива 170Nm вртежен момент со цел да го подобри забрзувањето.

range hibrid 1

Овој мотор исто така има улога на генератор, собирајќи ја кинетичката енергија од регенеративното сопирање, односно полнејќи ја батеријата кога возилото успорува.

Заедно со моќта на погонскиот агрегат од 340ks при 4000 o/min, односно 700Nm вртежниот момент помеѓу 1500 и 3000 o/min, возилото забрзува од 0 дo 100km/h зa помалку од седум секунди, додека максималната брзина на возилото е 218km/h.

range hibrid3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП