2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХраната најевтина во Црна Гора, платата најголема во Хрватска

Храната најевтина во Црна Гора, платата најголема во Хрватска

evrooooev1

Цените на храната во земјите од Балканот се најскапи во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, додека најевтини се во Косово и ЦрнаГора, покажа истражувањето на агенцијата Анадолија, кое ги споредуваше цените на храната во регионот во споредба со остатокот од Европа.

Во последните години во повеќето земји од западен Балкан цените на основните прехранбени производи бележеа пораст или се задржуваа на горната граница, иако истовремено приходите на граѓаните не се зголемија значително.

Во Србија граѓаните за еден леб издвојуваат околу 0,5 евра, за килограм брашно околу 0,9 евра, за еден литар масло 1,1 евра, килограм шеќер 1,1 евра, еден литар млеко 0,8 евра, половина килограм кафе околу 4 до 5 евра, килограм пилешко месо 3 евра, за јаболки 0,4 евра и еден килограм ориз околу едно евро, што вкупно изнесува 14 евра. Сето ова во Хрватска чини околу 15 евра, а во БиХ 14 евра, во Црна Гора околу 12 евра.

Од друга страна, како што се наведува, просечната нето плата во земјите од регионот најголема е во Хрватска и Црна Гора, а најниска во Македонија и Албанија.

Така, во Хрватска просечната нето плата изнесува околу 723 евра. Зад граѓаните од Хрватска, најголема плата во земјите од поранешна Југославија добиваат граѓаните на Црна Гора каде просечната нето плата во септември оваа година изнесуваше 475 евра.

По Црна Гора следи БиХ, каде просечната нето заработка изнесува 423 евра.

Во Србија просечната плата во август изнесуваше 392 евра, во Албанија во септември околу 380 евра, додека најниската просечна плата е во Македонија и изнесува околу 342 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП