4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFisker доби нов сопственик

Fisker доби нов сопственик

fisker-karma

Откако беше поднесено барањето за банкрот и по неколку месеци неизвесност, компанијата „Fisker Automotive“ е продадена на инвестициската групација „Hybrid Tech Holdings LLC“.

Според „Ројтерс“, новиот инвеститор стана сопственик на „Fisker“ за 25 милиони долари.

Претходно беше соопштено дека „Fisker“ му должи на американското Министерство за енергетика 168 милиони долари во име на заем кој државата и го одобри на компанијата за развој на „зелента“ технологија.

„По оценувањето на сите понуди и можни алтернативи, донесовме одлука дека најдобро решение е продажбата на „Fisker“ на групацијата „Hybrid Tech“, изјави главниот службеник кој го водеше процесот за реструктуирање на компанијата, Марк Белисон.

„Веруваме дека новиот сопственик е во состојба да продолжи со започнатиот развој и дека „Fisker Automotive“ ќе остане меѓу водечките компании во понатамошната еволуција на хибридната технологија“, додаде тој.

Во последните неколку месеци се појавија вести дека за купувањето на „Fisker“ заинтересирани се „Pacific Century Group“, германскиот „Fritz Nols AG“, кинескиот „Wanxiang“, како и некогашниот директор на „General Motors“, Боб Луц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП