3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанок на царинските служби за истраги и разузнавање

Состанок на царинските служби за истраги и разузнавање

carinska-uprava

Царинската управа на Република Македонија денеска и утре е домаќин на Меѓународниот состанок на раководителите на службите за разузнавање и истраги на царинските управи на земјите од европскиот регион на Светската царинска организација.

На состанокот ќе присуствуваат и претставници на Светската царинска организација, на Државниот царински комитет на Азербејџан, Централно-азискиот регионален, информативен и координативен центар за борба против илегалнта трговија со наркотични средства (CARRIC), на Федералната Царинска служба на Русија, на Службата за разузнавање на Италија и на Канцеларија за борба против организиран криминал на ОН.

Учесниците на состанокот ќе се осврнат на најновите трендови на криумчарење, на методите за негово сузбивање, а се очекува да бидат донесени и заклучоци за начините на заедничко и посилно делување во спречувањето на криминалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП