4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Кинескиот производител на вино Гуан Нан најави дека ќе се откаже од инвестицијата во Србија и ќе поднесе тужба ако не се потпише договорот за купување на Вршачки лозја. Претседателот на Гуан Нан групацијата Саи Шао Сјонг на конференцијата за новинари во Белград потенцира дека во тендерската постапка се е направено според законот од почеток до крај и дека се уште не добиле објаснување поради што не можат да ги купат Вршачки лозја.

Белград – Србија на меѓународниот финансиски пазар продала петгодишни еврообврзници во вреднсот од милијарда долари, објави Министерството за финансии. Еврообврзниците се продадени по годишна каматна стапка од 5,875 отсто, а приходот кој ги оствариле купувачите на тие должнички хартии од вредност е 6,125 отсто. Тоа било петто емитување на еврообврзници на Република Србија на меѓународниот финансиски пазар, а за нив биле заинтересирани над 140 глобални инвеститори, истакна Министерството за финансии.

Будва – Општина Будва ќе воведе стимулативна мерка за сите кои имаат намера да градат туристички капацитети, пишуваат подгорички Вијести. Откако пред една година воведе поволност инвеститорите кои градат хотели со 4 и 5 ѕвезди да плаќаат 30 евра по квадрат на име на комуналии, дури 20 пати помалку од становите за пазарот, како што најави градоначалникот Лазар Раѓеновиќ, со нова одлука тој износ ќе биде сведен на нула евра.

Подгорица – Стечајниот управник на Комбинатот за алуминиум Подгорица КАП Веселин Перишиќ изјави дека имотот на таа фабрика ќе биде понуден на продажба за 52,5 милиони евра. Меѓутоа, тој не прецизираше кога ќе биде објавен огласот за продажба на имотот на КАП. Собранието на Црна Гора со мнозинство гласови усвои Закон за заштита на државните интереси во рударско металуршкиот сектор, со кој е дефинирано парламентот да има конечен збор во продажбата на КАП.

Подгорица – Претседателот на Владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ најави инвестиции од три милијарди евра, пред се во црногорскиот туризам. Според него, тоа ќе доведе до отварање на илјадници нови работни места. Тој рече дека Владата на Црна Гора спроведува низа мерки за да се зголеми бројот на вработените, а една од нив е унапредување на деловниот амбиент што треба да привлече странски инвеститори.

Виена – Повеќето Австријци ни по 12 години од неговото воведување се уште не се навикнати на еврото, покажува истражувањето на институтот Маркет. Само околу 40 отсто Австријци целосно се навикнати на еврото, а 60 отсто и понатаму често пресметуваат во шилинзи, валута која ја замени заедничката европска монета. Најголемиот број луѓе кои целосно се навикнати на еврото се на возраст под 30 години, кај кои 71 отсто истакнуваат дека немаат никаков проблем со европската валута. Од друга страна, кај генерацијата постара од 50 години само 20 отсто целосно го прифатиле еврото.

Вашингтон – Тајванската компанија специјализирана за производство на делови за повеќе модели ајфони и ајпеди Фокскон ќе инвестира 40 милиони долари во САД. Инвестицијата ќе биде наменета за производи на делови со висока технологија. Во соопштението на компанијата објавено на свечена церемонија во Вашингтон се наведува дека Фоксон планира да инвестира 30 милиони долари во фабриката во Пансилванија во која ќе се произведуваат делови со прецизна механика, кабли за електрични возила како и други делови со висока технологија. Оваа инвестиција ќе овозможи вработување на 500 работници.

Лондон – Кинескиот премиер Ли Кечијанг вели дека Пекинг сака да ги зајакне економските врски со ЕУ и во план е трговската размена до 2020 да чини билион долари. Како што наведе за британскиот Телеграф, Кина ќе продолжи силно да ги поддржува интеграциите и стабилноста во ЕУ. – Ова не е овошје кое е на ниски гранки и мораме добро да скокнеме за да го дофатиме, но верувам дека можеме да ја исполниме целта – наведе наследникот на Вен Џијабао за весникот Телеграф.

Франкфурт – Европската централна банка ја прекина претходната отплата на кредити кои банките на еврозоната ги земаа на врвот на должничката криза. Како што се наведе во соопштението на ЕЦБ, овој потег е наменет за зачувување на ликвидноста на пазарот во тек на преминот во следната година. – Управниот совет на ЕЦБ се одлучи до крајот на оваа година да ја прекине отплатата на кредитите доделени во рамки на програмата Долгорочни операции на рефинансирање ЛТРО, со оглед на очекувањата на ниски каматни стапки и концентрација на други операции поради јавните празници – соопштено е од банката.

Њујорк – Фабриката за автомобили Крајслер која е во сопственост на италијанскиот концерн Фијат, наскоро повторно ќе излезе на берзата. Третиот најголем американски производител на автомобили ќе реализира прва инвестициона јавна понуда ИПО на почетокот на декември, изјави извор запознат со состојбата. Крајслер веќе избра банки кои треба да му помогнат за излез на берзата. Според извор на Крајслер, компанијата ги ангажирала банките Берклиз, Голдман Сакс, Морган Стенли и УБС, а главни за упис на акциите ќе бидат Џеј Пи Морган и Бенк оф Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП