8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСрбија годинава добива најмалку 40 километри автопат

Србија годинава добива најмалку 40 километри автопат

belgrad

Србија оваа година ќе добие најмалку 40 километри автопат, најави денеска директорот на Коридорот Србија Димитар Ѓуровиќ и наведе дека во 2013 година за експропријација на земјиштето ќе бидат потрошени четири милијарди динари.

Ѓуровиќ истакна дека ќе го напушти претпријатието доколку на крајот од оваа година нема задоволителни резултати.

– Работите на Коридорот 10 и идниот автопато од Белград до границата со Црна Гора ќе продолжат со полна пареа од половината на март, кога почнува градежната сезона, рече Ѓуровиќ.

Тој рече дека за оваа година е планирано да се изгради вкупно 59,7 километри автопат и оти сигурно ќе бидат завршени околу 40, бидејќи преостанатите 19 ги гради Алпина, со која можеби ќе биде раскинат договорот на изградба на источниот крак на Коридорот 10 кај Димитровград, доколку до половината на март таа градежна компанија не ги продолжи работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП